Луѓе без лице

Дејан Крстески

Македоника

2016

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

„Луѓе без лице“ е поетска збирка во која се мешаат безброј општочовечки потраги и филозовски прашања со длабоки лични значења и доживувања на низа разбранувани емотивни состојби со кои се соочува поетот. Дејан Крстески и покрај нивната комплексност успева да ги опее со извесна едноставност и јасност во изразот, така што ништо во овие стихови не ја запира пораката да стигне директно до срцето на читателот. Авторот на еден надреален и фантастичен начин отсликува еден поинаков свет во кој ограничувањата се измислен конструкт, а темнината е во секој од нас. Освен тоа, во ова дело е совршено отсликана природата на луѓето, на оние кои во еден момент имаат лице, за во следниот момент да го немаат. Луѓето се менуваат. Одредени од ситуациите, од минатите искуства, од желбите и секојдневните тегоби, човекот се менува секоја минута. Секоја следна минута е нов човек, неговото лице е поинакво, непознато а понекогаш и безлично. Со еден збор, прекрасна стихозбирка за интелектот кој трага по вистината, љубовта и убавината, за духот кој е во потрага по моралот на своето време, за бесмислата која се вовлекува во умот на младиот човек до болка.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата