Странствувањето на Чајлд Харолд

Џорџ Гордон Бајрон

Македоника

1818

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е роман без заплет, драма без дејствие. Чајлд Харолд патува поради патување. Впечатоците кои јунакот ги проживува во разни земји и мислите предизвикани од нив, ја сочинуваат целата содржина на поемата. За минатото на Чајлд Харолд, малку знаеме, но бидејќи романтизмот е главно поезија на богатата аристократска класа, Бајрон му ги придава тие карактеристики на својот јунак. Чајлд Харолд, патувајќи низ непознати земји, доаѓа под ѕидините на Цариград, го минува Екваторот, и како крајна цел на неговото патување се јавува Индија. Изборот на овие „непознати земји“ не е случаен, бидејќи интересот за Индија и учењето за нирвана е карактеристично за романтизмот. Незадоволни од реалноста, романтичарите скитале барајќи го идеалот, и мислеле дека ќе го најдат во помалку познати земји. Чајлд Харолд во Шпанија се разочарал од реалноста, и исто како и Бајрон, не сфаќа дека времето на витези нема да се врати. Поетот ги повикува „синовите на Шпанија“ во борба за ослободување, а тоа е всушност тагата дека витештвото нема да се врати. Во Грција, Чајлд Харолд ги предизвикува старите сенки (одамна заспаните херои), за да го разбуди ентузијазмот со зборови кои ништо не му значат на новото човештво. Чајлд Харолд е типичен романтичарски јунак, чии карактерни црти се всушност и одликите на романтизмот како уметничко движење. Овој лик ќе биде причина за појава на терминот бајронизам, книжевно движење во чии трудови главните протагонисти ќе ја поседуваат истата психолошка конструкција. Нивни идеали ќе претставуваат култ кон слободата, желба за патување во далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и недопрената природа.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата