Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
1849
Опис на книгата :Share
Приказна за браќата близнаци Силвине и Ландри кои од самото раѓање се поврзани еден со друг и не можат да опстанат посебно. Откако потпораснуваат, Ландри заминува да работи во соседството, кај пријателот на својот татко Кајо, а Силвине се крши и постојано тагува и се разболува. Незадоволен од ладниот однос на својот брат тој бега од својот дом кон блиската река. Во меѓувреме Ландри го бара својот брат и смета дека одговор ќе му даде старицата Фаде која сите ја сметале за вештерка бидејќи правела чудни лекови. Старицата има две внучиња Фадета и Жане чија мајка ги напуштила како мали, па таа се изживувала врз нив. Одговорот на Ландри му го дава Фадета и при тоа го обврзува и тој да ѝ исполни некое нејзино барање во иднина. Подоцна Фадета ќе успее да го извлече Ландри од реката и конечно му кажува дека треба да танцува со неа на селскиот бал (Фадета била грда и се облекувала како машко). По танцот, се раѓаат искри помеѓу Ландри и Фадета и конечно се вљубуваат еден во друг. Откако родителите на Ландри ќе дознаат за тоа му наредуваат повеќе да не се гледа со неа. Фадета заминува од селото, а по неколку месеци се враќа бидејќи баба ѝ умрела. Баба и ѝ остава големо наследство и родителите му дозволуваат на Ландри да се венча со неа. За сето тоа време Силвине страда, но конечно ќе се помири откако Фадета ќе го крене на нозе и тој заминува во војска.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата