Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
1774
Опис на книгата :Share
„Страдањата на младиот Вертер” е најголемиот љубовен роман на Гете во светстката книжевност. Тоа е драматична приказна за едно пасивно и сентиментално незадоволство на пречувствително момче, херој на своето време, кое бега од светот но не може да ги избегне цврстите окови што му ги наметнува општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти грбот на тоа општество бегајќи од луѓето и сè повеќе тонејќи во природата. „Страдањата на младиот Вертер” е роман со лирска исповед за најнежните и најскриените душевни расположенија и најдлабоката духовна болка на младата кревка душа за која пред тоа не се знаело, а нити после тоа ќе се слушне! Гете успеал на неспоредлив начин во описот на една љубовна трагедија да ги собере сите големи проблеми на своето време во борбата за правилниот развиток на младата личност. Затоа, „Страдањата на младиот Вертер” е безвременска приказна која ќе му помогне на секој млад човек, девојка или момче, да ги прескокне бездните, што се создаваат во еден период на животот, меѓу силното тело на младоста и нежните нишки на духот.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата