Опис на книгата :Share
Кочо Солев - Рацин, без сомнение една од најмаркантните личности на Македонија меѓу двете светски војни, со својата смрт на 13 јули 1943 година на Лопушник, меѓу своите истомисленици, другари и соборци, во кругот на военоплитичкиот врв на Македонија, на местото кајшто се осмислуваше и насочуваше сенародниот бунт против фашистичкиот поробувач - подолго, или поточно, предолго ја вознемирува македонската јавност. Сè уште, по 49 години од смртоносниот истрел во живописниот Лопушник, црвот на сомневањето го нагризува спокојот кај многумина: како загина големиот поет и интелектуалец, кој речиси две децении жилаво, крваво, со својот ум, но и со своите мускули, коски и крвава кожа им пркосеше на српските жандарми и на бугарските полицајци, стоички докажувајќи го своето национално достоинство. Стиховите од „Бели мугри” еднакво ги возбудуваат и новите генерации читатели, како што ги возбудува и неговиот живот - сиромашниот живот на првото дете на Марија и Апостол Солеви, на детството измешано со глина, со 2-3 големи војни, глад, тортура на српската жандармерија, силниот порив за пишување и учење, драматичното, речиси дведецениско активно и упорно подготвување за конечната борба за слобода.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата