ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ - Борец за слободна и обединета Македонија во Европа без граници

Ставре Џиков

Македоника

2014

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Монографскиот труд од современата македонска политичка емиграција посебно посветен на личноста Гојко Јаковлевски (Гоце Македонски) авторите презентираат како оваа личност се посветила на македонската кауза и основната природа, историска и човекова потреба да се бори за својот Македонски народ кој е поделен и живее во повеќе балкански држави. Иако постои матична држава, Република Македонија, каде што е роден во с. Зубовце, Гостиварско, Гоце Македонски како политички емигрант во Западна Германија авторите Александар Џиков и Ставре Џиков низ полициско досие заедно на име на Гојко Јаковлевски со број 7143 во 1961 година, во јануари 1971 година со псевдонимот „Конобар” и неговото досие како екстремен емигрант, заедно со псевдонимот „Гоце”, ќе презентираат оригинална документација за неговата патриотска активност и борба заедно со Драган Богдановски, првиот политички десидент во современата македонска историја. Низ ракописот, покрај политичките документи кои педантно, некогаш точно, а некогаш неточно го прикажуваат животот на Гојко Јаковлевски како екстремен политички емигрант кој се бори за независна и обединета Македонија. Покрај полициските документи, во трудот се евидентира активност на Гојко Јаковлевски во неговиот повеќедецениски емигрантски живот за презентирање на историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ. Па така тој ќе биде организатор на прославата за Илинден, прославата на Македонското Востание - 11 Октомври, за што речито ќе потврдат неговите говори на овие македонски свечености.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата