Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
1980
Опис на книгата :Share
Том Соер размислува само за шеги и бели и многу ја секира својата тетка Поли, со која тој и неговиот полубрат Сид живеат во малиот град Сент Питерсбург на реката Мисисипи. Иако Том е тврдоглаво момче, Поли ја прифатила задачата да го одгледа во одговорна и пристојна личност. За среќа, Том има пријател што сака авантури исто колку и него. Неговото име е Хак Фин. Том и момчето сираче, кое живее во буре на крајот на градот, заедно ја минуваат секоја слободна минута. Само една, многу посебна, девојка успева да му го оттргне умот на Том од неговите авантури со Хак. Тоа е Беки Тачер, ќерката на новиот судија во Сент Питерсбург, кој тукушто се доселил во градот. Том прави сè што може за да ја импресионира Беки со своите „херојски дела“. Еден ден, една од нивните мисии ги води Том и Хак на градските гробишта сред ноќ. Тие несакајќи го гледаат Инџун Џо, страшниот тип што го бие лош глас во Сент Питерсбург, како извршува брутално убиство, а потоа за тоа го мести малку глувиот, пијан, но невин мајстор за ковчези, Маф Потер. Што треба да сторат? Нивната храброст е ставена на опасен тест...
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата