77 антиупатства за лична употреба

Александар Прокопиев

Македоника

1996

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Опсесиите на Александар Прокопиев, што ги регистрираме генерално во неговото творештво, ги препознаваме и во оваа книга, а тоа се литературата, филмот и литературата, музиката и литературата, сликарството и литературата, музиката и литературата, музиката и литературата, философијата и - многупати повторно литературата... Овие текстови, од поаѓалиштето на современата литература, само со конвенцијата на именувањето можат да станат раскази (она под што подразбираме куса проза) или есеи за определани проблеми кои го интересирале духот во сите времиња, есеи кои се хранат и од сегашноста на својот автор кој, очигледната богата ерудиција, ја комбинира со секојдневното обновување на знаењата. Во секој случај, без оглед на жанровската рамка во која авторот го поставува овој текст, тој е литература. И, нека ни биде дозволено да претпоставиме една идна насоченост на Александар Прокопиев кон романот. Кон тој жанр-океан кој во себе ги впива различните дискурси измазнувајќи ги рабовите со кои тие се 'пришиени' во целината во која ништо не е туѓо.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата