Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2009
Опис на книгата :Share
Книгава „Писма до саканата“ или „Есеј за љубовта“ од Мето Јовановски внесува нов дух во есеистичката проза на современата македонска литература. Жената и љубовта се објектот на кој му се посветени страниците на оваа есеистичка прикаска со наративна фактура изградена врз една внатрешна контемплација што истовремено е и внатрешна драматика на текстот. Писмата што го сочинуваат овој есеј се заокружени во рефлективно – медитативна целост што посредно, истовремено, ја раскажува судбината на авторот на писмата или поточно – на мажот носител на својата еротска судбина на недоумие и збунетост. Авторот ѝ пристапува на темата за жената со свест дека таа е вечна и неисцрпна. Повеќето категории коишто се испреплетени со љубовта, жената, емоциите и страста па до естетиката, етиката, филозофијата и егзистенцијата во оваа необична проза компаративно се оживотворуваат преку лични минијатурни доживувања на нараторот но се илустрирани и со аргументација на големите умови. Токму на овој начин, оваа техника, експресијата на нараторот, со која е остварен овој есеј, ја прави оваа книга оригинална и читлива, слична на првокласните дела што се читаат во еден здив. Али Алиу
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата