Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2010
Опис на книгата :Share
“Желките од рајската градина” е збирка раскази од познатиот писател Србо Ивановски автор на повеќе книги поезија и романи. Во овој текст составен од петнаесет раскази ќе сретнеме прозни дела што можеме да ги вредиме во поширока смисла во “постколонијалната” тематика, во овој случај лоцирана овде, кај нас, на Балканот, сè до Втората сетска војна и создавањето на македонска држава во рамките на СФРЈ. Во останатиот дел од расказите, содржините се однесуваат на животот во новосоздадената држава допирајќи повеќе карактеристични појави од нашето секојдневие во тој изминат период. Читајќи ги расказите од оваа книга го понесуваме впечатокот дека авторот настојува да нè запознае со својот критички однос кон повеќе карактеристични појави во минатото: борбата за слобода, но и одродувањето, посебно во времињата кога за жал властите се менуваат но ропството опстојува. Карактеристичен во таа смисла е расказот:”Средба на предавникот со Анѓелот Никола Леко”. “Извини” пресатавува сериозен обид да се укаже дека предавството му е сопатник на употребата особено во случаевите кога корисноста е последица на употребата од страна на Власта особено во времето на нејзиното создавање. Во расказите што го одбележуваат животот во периодот од ослободувањето авторот главно се навраќа на теми што отсликуваат карактеристични моменти со нагласка на негативните појави во животот во кои авторот открива интересни можности за литертурното вообликување. Осатануваме вистински изненадени со каква леснотија авторот ќе ни го прикаже и погромот на белите во октомвриската револуција во Русија во расаказот “Желките од рајската градина” но и последиците за граѓаните македонци од граѓанската војна во Грција.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата