Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
1979
Опис на книгата :Share
„За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и... дечињата“ е прва збирка раскази на Драгица Најческа за деца од претшколска возраст, објавена во 1997 година. Расказите се напишани течно, концизно, со едноставен јазик достапен за возраста на децата и ги содржат основните компоненти потребни за ваков вид литература. Пред сè, во секој од нив е забележлива поуката за етиката на заедничкото живеење, како на децата, така и на возрасните. За некои раскази е впечатлива пораката да му се помогне на некого што е во неволја, пораката дека самотијата е тешка за секого и затоа е потребна трпеливост и толеранција во односите, потоа пораката за делење на она што некој го има повеќе со оној што тоа го нема итн. Сè се тоа добродетели кои подоцна можат да се развијат во прекрасни карактерни особини, но се разбира воспитувањето во таа насока треба да почне од најраната возраст. Во расказите се среќаваат и типични мали негативности карактеристични за таа детска возраст, како што се неисполнето ветување, ситни лаги, страшливост, лакомост и др. Но тоа ги прави овие раскази уште пореални, при што преку нарацијата во расказот се доаѓа до поуката дека така не треба да постапуваме ако сакаме да бидеме прифатени и сакани од околината во која живееме. Главни јунаци во расказите се деца и животни. Животните се претставени со постапки и резонирања карактеристични за децата. Сепак, како основна идеја на целата збирка се издвојува пораката за другарување, што е важен и неодминлив дел на сечие детство. Зашто, другарувањето на детето му е неопходно како воздухот и храната. Сè на сè, се работи за една симпатична збирка што ќе си го најде патот до детската душа и ќе послужи за воспитување на најмладите.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата