Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2014
Опис на книгата :Share
Мрачна приказна за љубовта и лудилото, сместена во Ломбардија во близина на езерото Комо, во средината на деветнаесеттиот век, во којашто се раскажува приказната за фаталната жена, Марина ди Маломбра. Прекрасна, интелигентна девојка посакувана од голем број мажи, чија судбина ја одвела во темниот и осамен замок на нејзиниот вујко Чезаре Д’Орменго. Роман поделен на четири делови во кој Фогацаро го става главниот акцент на вознемирувачката и болна фантазија на Марина, која верува дека е реинкарнација на нејзината несреќна баба Чечилија, којашто починала заради нејзиниот љубоморен сопруг. Сакајќи да се одмазди за сето тоа, судбината на Марина се испреплетува со онаа на неуспешниот писател Корадо Сила, човек со слаб карактер, поразен од животот, но целосно освоен од фаталната привлечност на девојката. Главниот лик, Марина ди Маломбра, којшто Антонио Фогацаро уште во деветнаесеттиот век го насликал во ова ремек-дело е безвременска и визионерска креација, имајќи предвид дека нејзиниот портрет многу добро ја прикажува и денешната жена, нејзината вознемиреност, кревката природа, фрустрациите и осаменоста.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата