Станица 15

Викторија Ангеловска

ПНВ Публикации

2019

100 ден.

Цена на печатено издание: 190 ден.

Страници од печатеното издание:46

Опис на книгата :Share

„Чита човек и не знае – девојче ли пишува или старица полна искуство. Се впрегнуваат двата гласа и влечат на својата страна секој, создавајќи така спрега што раѓа и звук и смисла. Викторија Ангеловска е новиот глас на македонската книжевност, а нам ни останува да го набљудуваме отстрана нејзиното растење и да се надеваме дека ќе продолжи да пишува.“ - Ѓоко Здравески „Низ песните, полни со вдишан воздух и издишување кон нова возраст, љубовта како прегратка ги милува сите стравови и пренесува едноставност, чистина во изразот. Песните на Викторија воопшто не флертуваат, напротив, тие раскажуваат состојби. Тие се преживувања, доживувања, пресликувања. Тие се глас на новата генерација, во телото и мислата на една девојка.“ - Ана Голејшка Џикова „Викторија пишува како да плете, со внимание и одмереност, со префинето чувство за јазикот и стилот, со емоции и мисла подеднакво насочена и кон сегашниот миг, но и кон минатото и иднината. Пишува небаре плете џемпер од љубов наменет за најдрагата личност... Нека ве гушне оваа топла книга како омилениот џемпер, нека ви биде утеха... И ќе ви каже дека македонската книжевност има иднина!“ - Јулијана Величковска „Станува збор за лирски прочистена поезија, јасна, и која директно воспоставува едноставна врска на младешкиот порив со возбудите на секојдневието што не тиштат или радуваат. Книгата претставува мозаик од фрагменти (песните не се именувани) кои се надополнуваат во целина што има карактер и на поема, пред сè првиот дел, но и самите фрагменти се зокружени поетски целини, во кои покрај лирскиот ефект присутен е и длабокиот рефлексивен набој. Има многу примери, стихови, поетски сентенци што нудат потполно задоволство ако се прочита целата книга во еден зив. Тој здив го нуди оваа книга. Фасинантно од еден млад автор!“ - Славе Ѓорѓо Димоски

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата