Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2017
Опис на книгата :Share
Стихозбирката „Отворена книга“ претставува избор песни од Јулијана Величковска. Дел од песните се претходно објавени во нејзината прва стихозбирка „Комарци“, дел од останатите песни се застапени во нејзиниот роман „Годишни времиња“, а некои се објавени во периодиката. „Насловот на поетскиот првенец Комарци (2010) на Јулијана Величковска, Елизабета Шелева со право го толкува како симптом дека нејзините песни се во дослух со современото доживување и поимање на поезијатакако де-мистификација. Нејзините песни се проткаени со урбаната, мултимедијална култура на рекламни портаки и задолжителни брендови, во кои лирскиот субјект авто-иронично ја маркира сопствената како Дизни перцепција на светот. Имено, (авто)иронискиот пристап е особено маркантен во песната I had a dream (Имав сон), во која уште со насловот ̶ преку тоа што глаголот имам, за разлика од познатиот слоган на славниот борец за човекови права, е во минато време ̶ е најавен расчекорот меѓу сонот, наметнат од масмедиумските клишеа и јавето/стварноста. Песната Моето срце на National Geographic се прикажува ја тематизира доминацијата на визуелните медиуми во современата (во голема мера воајерска) култура; откако е споредено со животните од документарците (делфин, мајмун, камелеон), срцето на лирскиот субјект од нуклеарен отпад / потекнува(...) во гасна комора / не крв / воен отров / произведува. Во песната Отворена книга, низ повеќезначни зборовни игри и алузии се воспоставуваат релации меѓу љубовните и читателските односи/искуства.“ - Владимир Мартиновски
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата