Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2012
Опис на книгата :Share
Романот „Возовите на Луцерн“ е структуриран во три целини именувани според местото на престој и работа на штотуку дипломирана девојка од Македонија, која тргнува во белиот свет по тривијална потрага по лебот насушен, но и со софистицирана цел да го усоврши францускиот јазик. Оваа дијаметрална спротивставеност распната меѓу можностите и желбите се претвора во своевиден уметничколитературен триаголник со семиотичкото вклучување на една мошне експлоатирана тема во современата светска книжевност - потрагата по сопствениот идентитет. Притоа, во романот на Пандева не станува збор за обична потрага по идентитетот, личниот, емотивниот, интелектуалниот и пред сè, националниот, туку за грчевито одржување на сопствениот идентитетски спектар. „Возовите на Луцерн“ е пишуван во јас-форма, која овозможува незабележителни премини од одделни периоди во животот, младоста, детството, сегашноста, и нивна концентрација во точно определен, но сепак изопштен простор - Швајцарија. Секоја глава во романот има свој лик, кој е центар на раска–жувачката постапка. Јас-раскажувачот е само пренесувач на животни приказни, кои се отсликуваат преку палета од носечки ликови од сиот обичен свет собрани во литературниот свет на јас-нараторката.“ ̶ Славе Ѓорѓо Димоски
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата