Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2014
Опис на книгата :Share
„Негде помеѓу љубовта и смртта, помеѓу присуството и отсуството, мешајќи, на моменти непрепознатливи, чудни некои синоними помеѓу себе. Текстот на Величковска е како доаѓање на некој одамна заминат пријател, кој се враќа да потсети со доза носталгија на она што било, без кое она што е, не би можело да биде.“ - Мерсиха Исмајлоска „Годишни времиња е книга за сеќавањето како раѓање одново и мисловен премин низ сите животни етапи во тесното пространство на еден автобус. Човекот навистина се прикажува како една мала вселена со индивидуални катаклизми и решенија. Точка околу која се пластат безброј слоеви, но и во која сѐ е подредено според космичкиот модел.“ - Ива Анастасова (Бугарија) „Роман, кој не само што може да се чита, туку може и треба да се доживее со сите сетила и со сите хистерии и терапии на детството. Роман, кој треба да се прегрне како дете и во него истовремено да се бара и детето и жената. И архетипот и трипот, фолклорот и рокенролот.“ - Душко Крстевски „Годишни времиња е еден фрагментарен роман – составен од свои и туѓи приказни, стихови, песни, спомени. Започнува со спомени, се префрла на психоанализа и завршува со филозофски заклучоци. Во него се инкорпорирани и цели текстови на песни. Тоа е еден автобиографски, музички роман на текот на свеста.“ - Иван Христов (Бугарија)
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата