Единственото сеќавање на Флора Бенкс

Емили Бар

Бата прес

2020

199 ден.

Цена на печатено издание: 350 ден.

Страници од печатеното издание:278

Опис на книгата :Share

„Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“ Десет години имав кога се промени сè.. Осум години ми важи пасошот. Шест луѓе ме бараат на студот. Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка. Едно сеќавање е сè што имам. Возбудлива, непредвидлива, уникатна, трогателна, охрабрувачка… Книга што нема да ја заборавите никогаш! Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се обидува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол, на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја победи амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта! Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдобрата другарка, на родителите или… Во рацете држите книга во која е раскажана несекојдневна љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот крај, кој не можете да го предвидите. „Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“ Гардијан

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата