Го сокрив мојот глас

Паринуш Сание

Бата прес

2019

170 ден.

Цена на печатено издание: 199 ден.

Страници од печатеното издание:300

Опис на книгата :Share

Четиригодишниот Шаб сè уште не започнал да зборува. Докторот верува дека нема причина за загриженост. Сепак, Шаб е исмејуван од другите што сметаат дека е „нем“, односно „глуп“. Младиот Шаб не разбира што значи овој збор и мисли дека е комплимент, сè до денот кога неговиот братучед се мајтапи за да им докаже на сите дека детето е вистински идиот во маалото. Кога мајката на Шаб, му го раскажува инцидентот на нејзиниот сопруг, Шаб е скршен од сознанието дека татко му, исто така мисли дека неговиот син е идиот и дека е срам за фамилијата. Набрзо Шаб открива дека љубовта и почитта на татко му е концентрирана кон неговиот постар брат Араш и неговата помала сестра Шеди. Во неговиот длабоко повреден детски ум, почнува да верува дека „добрите“ и „интелигентните“ деца како неговиот постар брат се синови на татковците. Од друга страна, децата како него што се „несмасни“ и „проблематични“ се синови на мајките. Од тој момент, неговиот свет, што мислеше дека е исполнет со убавина и љубезност, одеднаш се претвора во суров, полн со гнев и навреди. Охрабрен од неговите двајца замислени пријатели, Аси и Баби, Шаб почнува да се нафрла, и да се одмаздува детски кон оние околу него. Ова е приказна врз основа на факти, за момче коешто не можело (не сакало) да зборува до седум години. Сега, на дваесетгодишна возраст ги опишува случките во неговиот живот.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата

sanita.vasilevska@hotmail.com