Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2018
Опис на книгата :Share
„Пластични раскази“ на Илија Илов многу умешно си поигруваат со оние две глобални групи на теми кои ги промовираше уште Цветан Тодоров во својата студија-книга „Вовед во фантастичната книжевност“. Па така овие дваесеттина раскази (или точно 21) преку „јас“-темите (или темите на двојникот, преобразбата и особено преку играта со времето и просторот) го третираат односот помеѓу човекот и светот, додека, пак, преку „ти“-темите (како сексуалноста врзана со мотивот на ѓаволот односно либидото, инцестот, хомосексуалноста, смртта и вампиризмот) се обидуваат да ги разрешат конфликтите меѓу поединецот и неговата потсвест. Животните приказни на ликовите кои најчесто се маргинализирани го носат чувството кое Зигмунд Фројд го именуваше како „вознемирувачко необично“. И тоа нивно амбивалентно чувство лесно го пренесуваат и врз читателот додека ги чита приказните/расказите, додека чита за ликовите. Така смесата на одбивност и привлечност која Роже Кајоа ја именуваше како „сладок ужас“ го запоседнува и читателот кој се намовнува додека го чита Илија Илов... како да го чита Кафка и неговата „Преобразба“ или По и „Падот на куќата Ашер“. Весна Мојсова-Чепишевска Ова се раскази за еден забеган, изопачен свет, раскази на кои не можаме да им се лутиме за нивната бруталност и тератологија, за нивниот веризам и шок-сликите на телото, затоа што тие говорат за еден - таков свет. Наш свет. Кога само малку овие раскази би се спуштиле од зоната на надреалното, тие би можеле да бидат претставници на еден нео-реализам; нема човек кој би се осмелил да тврди дека реалниот свет во кој живееме е помалку брутален од оној свет во расказите на Илов. Само, во неговите раскази тој е питорескен. Импресионистички до крв, до црвената боја на крвта. Тоа се раскази кои покажуваат дека и под пластиката што станува метафора за нашиот свет – има крв. И дека и таа пластика може да прокрвави. Дека има душа! Венко Андоновски
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата