Злосторството во Еврејскиот кварт

Ернесто Маљо

Бата прес

2016

100 ден.

Цена на печатено издание: 200 ден.

Страници од печатеното издание:222

Опис на книгата :Share

Полицискиот инспектор Ласкано, разочаран и изгубен по смртта на сопругата Мариса потполно ѝ се предава на работата. Тоа е единствен начин да преживее во градот и земјата во која владеат насилство и хаос. Станува збор за Буенос Аирес во 1979 година, времето кога воената хунта во Аргентина го мачи, убива и без трага го снемува секој што го смета за дисидент. Ноќните рафали, корупцијата во полицијата и антисемитизмот се дел од секојдневниот живот кога Ласкано ја почнува истрагата за речиси рутинското убиство. Истовремено ја сретнува младата герилка Ева чија што сличност со неговата покојна жена е неверојатна… Ернесто Маљо – Ernesto Мallo (1948) е аргентински писател, новинар, колумнист и есеист. Порано бил револуционер (припадник на Герилското движење Монтонерос) и бил противник на диктатурите во Аргентина и другите земји во Јужна Америка. Неговиот прв роман Злосторството во еврејскиот кварт е дел од трилогијата за полицискиот инспектор Ласкано, според кој во Аргентина веќе е снимен и филм. Под насловот La aguja en el pajar (Игла во сено) овој роман ја добил престижната награда Memorial Silverio Canada за најдобар роман на Noir фестивалот во Хихон.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата

zokispa02@gmail.com

zokispa02@gmail.com