Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2014
Опис на книгата :Share
Тинејџерката Каси порасна во Лајден, град помеѓу Хаг и Амстердам. Но, нејзината мајка одеднаш одлучува да се преселат во мало село во источна Холандија. Зошто? Каси не знае. Во селото се чувствува изгубено и осамено. Работи во супермаркетот на алчниот, суров и лицемерен господин Стру . Се обидува да заработи малку пари, за да може повремено од заостанатото село да се врати назад во градот – кај нејзините другари и пријатели. Една сабота, кога заврши со работа, враќајќи се со велосипедот дома каде што живее со мајка ѝ, времето е тмурно и тешко, а таа брза за да не ја фати бура. Брзајќи накај дома, Каси е нападната од четири момчиња. Едниот од нив е Едвин, синот на најмоќниот човек во селото. Додека се обидува да избега од напаѓачите, се искачува до замокот на ридот каде што сама живее една чудна жена. Децата ја викаат вештерка, но многу луѓе ја сметаат за криминалец и тие мислат дека не ѝ е дозволено да го напушти замокот… Лошите работи некогаш можат да нè доведат до нешто убаво. А оние луѓе што на прв поглед изгледаат чудно, па дури и опасно, можат да ни станат најдобри пријатели. Дури и повеќе од тоа… Во потрагата по семејните корени, се случуваат вистински драми, а навлегувајќи во светот на возрасните, Каси ја доживува и својата прва вистинска љубов. „Саботна бура“ се занимава со прашањето да се бега или да се бори?! Целата сторија е проникната со цивилизациските и современите дилеми на западноевропските држави…
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата
superr
Super
Usuehsheh
Grg5h5