Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2013
Опис на книгата :Share
"Со својата нова книга, Игор Анѓелков несомнено го утврдува своето име на автор чиј првенствен интерес е современоста, како и луѓето кои истата ја живеат, со сите свои животни премрежја". Благоја Иванов "Ако го сакавте она меко, кротко, непретенциозно раскажување со речиси филмска монтажа на одлично испланираните раскажувачки секвенци, ако ја сакавте онаа благост со која авторот сигурно ве „управува“, ревносно хранејќи ви ја илузијата дека „воланот“ е во ваши раце, ако ви се допаѓаше книжевната тура низ секојдневието со задолжителната посета на несекојдневното,.. ако ги помните „Кротки приказни“ и „Крај-пат“ – тогаш „Фото синтеза“ е одлично „место“ за утврдување на совладаната книжевна материја: различно од претходните објави на Анѓелков, толку колку што треба за да знаете дека е нешто сосем ново, но и исто, толку колку што треба за да знаете дека сепак е негово и само негово. „Раката“ ќе му ја препознаете веднаш, но не дозволувајте си да го претпоставите и „ракавот“ пред убаво да видите/да прочитате!" Оливера Ќорвезироска
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата
Odlicna