Повторно роден

Маргарет Мацантини

Антолог

2019

249 ден.

Цена на печатено издание: 500 ден.

Страници од печатеното издание:544

Опис на книгата :Share

Едно утро Џема се качува во авион заедно со шеснаесетгодишниот син Пјетро. Тргнуваат за Сараево, град што го нема посетено откако го напушта во хуманитарен авион со новороденчето в раце, град што сè уште носи видливи лузни од војната во деведесеттите. На аеродромот ги дочекува Гојко, босански поет и стар пријател на Џема, со кого се запознава во далечната 1984 година, во екот на Зимските олимписки игри, додека работи на својата теза за Иво Андриќ, и преку кого ја среќава љубовта на својот живот, Диего, фотографот од Џенова што слика вирчиња. Романот раскажува токму за оваа љубов, страсна и несовршена како и сите вистински љубови. Но раскажува и за трнливата голгота на Џема кон мајчинството, за стравотната војна, за неизмерната болка и за загубата, но и за надежта, отелотворена во Пјетро. „Повторно роден“ е добитник на наградата „Кампиело“ во 2009 година. Пенелопе Круз и Емил Хирш ги толкуваат главните улоги во филмот снимен според овој прекрасен роман.

Оценки и коментари :