Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Бурна ноќ, излетување од патот. Соочена со смртта и со она што се чини дека се последни мигови, Виолета патува низ неподносливо болната призма на интроспекцијата во обид да ги исплати долговите кон себе и кон личностите во нејзиниот живот. Нејзината мајка е разочарана од надворешниот изглед на својата ќерка, па често пати ја форсира внуката. Таткото доживеал предавство од сопствениот син. Работното место како продавачка на козметички производи и прекарот „изрод“ со кој ѝ се обраќаат и на улица ја дополнуваат крајно депресивната слика на една тажна биографија во која секој ден е борба со бескрајни порази и разочарувања. Останува непознато времетраењето на ова испреплетено понирање низ нејзините сеќавања, размисли, замисли, кои служат да надоместат и да надополнат делови од вистинското постоење што можеби продолжува и без Виолета и кои се чини дека ќе останат засекогаш непотполни, недоречени. Очи во очи со смртта, времето и просторот ја губат својата сила и единствен сведок на виорот и течението на свеста на Виолета станува читателот, кој е повикан да го разбере вистинското значење на сочувството во нашето фрагментирано постоење. Ќе остане ли нашиот поглед засекогаш заробен во капката светлина што никако да се слизне од острата срча на нашиот живот?
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата
Одличен.