Ги најдов во длабокото

Симона Јованоска

ИЛИ-ИЛИ

2015

150 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:234

Опис на книгата :Share

„Каде се децата?“ ме праша повторно, како да е неарна, како друго и да не умее да зборува, како сè наеднаш да заборавила и се деформирала во три очајнички збора што се претесни за нејзините отровни очекувања што сосема неправедно не ѝ дадоа шанса на мојата кутија, ѝ го наполнија грлото. Ја замолчив со украден бакнеж, бидејќи до бакнување не ѝ беше дојдено, малку се закашла и ѝ се прилоши, се избриша со нежните ковчиња на левата дланка и прашално ме погледна. Тогаш ѝ го реков ова: „Нола, децата не ги најдов, но погледни што најдов во длабокото“, и ја отворив кутијата полна со накит, блескави дијаманти и сафири, наредени на елегантни ѓердани како гласни прстени на опашката на ѕвечарката, златни алки и брошеви, измиени од погледи и надежи, сосема заборавени во непознатото, отпишани како соништа, парички што купуваат денови за нови насмевки. Низ солзи ме погледна, со студени прамни ветер во косата разлетана врз рамена и одвај молкум се насмеа. Со својата насмевка“. ***** Читајќи ги фантазмогоричните прози во збирката „Ги најдов во длабокото“ , читателот цело време има чувство дека плови во длабоки води: во непрегледните длабочини на ликовите од расказите, но и во сопствените длабочини. Владимир Мартиновски

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата