Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2018
Опис на книгата :Share
Да знаеја дека нема никогаш повеќе да се вратат дома, пред да појдат во шумите, тие барем ќе застанеа мигум м‘лченичкум среде одаите, во кои живееја од дедо-прадедо. Во молк ќе се простеа од нив. Ќе им кажеа збогум на гумната и на племните, на чардаците и на амбарите, на портите и на пенџерите. Ќе ги целиваа стисовите и портите стари како што од мртовецот се збогуваа со последно целивание. Ќе се збогуваа тие мигум од својот живот во тие одаи. *** Тогаш сфати Фросе, некогашното дете на егејски бегалци, дека таа навистина е дел од нешто многу постаро. И многу поголемо. Постаро и поголемо од сите домови, од сите полиња и ниви. Од сета земја што ја изгубија нејзините роднини во својата татковина. Грција. Егејска Македонија. Тоа, на што таа припаѓа, е поголемо и од сите татковини. Постаро е тоа од сите напишани истории. На таа невидлива за светот земја на бегалците и‘ припаѓа Фросе Аврамова. На таа најстара земја на прогонот и бегството. Само на таа земја Фросе и‘ припаѓа вистински. Таа е вечниот засолн на прогонетите, отфрлените, пребегенаите. Вечната земја на бегалците. Таа постои над сите граници, над сите нации, над сите народи. Само таа е нејзината татковина.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата