Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Собрани во оваа книга се неколку од многуте раскази од обемниот опус на фиктивна проза од Фернандо Песоа, карактеристични по својата фрагментираност и недовршеност. Филозофски или интелектуални раскази, како што ги нарекува Песоа, статични и без дејствие, каде што ликовите, Просјакот, Ѓаволот, Баронот од Тејве и Професорот Серзедаш се заплеткани во иницијациски дијалози кои му пркосат на здравиот разум. Песоа е мистичар што не може да се вклопи во ниту една вистина и постојано трага и се движи по работ на крајностите на разумот и духот. Недопишани во мигови на инспиративен изблик, расказите претставуваат совршен одраз на невозможноста да се создаде целосно и совршено дело. Совршено искушение за читателот да ги донамисли, доизрече. И како што ќе ѝ предложи Ѓаволот на Марија: „Тие се дамки светлина во мракот…“, а Песоа нè води низ нив „како аџии на патот кон тајната и спознанието“.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата