Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
После летото поминато како стилист во Лос Анџелес, Џени се враќа во Њујорк. Но се чини дека нејзиниот омилен град на светот се променил додека таа не била дома. Нема нормални луѓе кои бараат цимерка, нема нормални работни места и дефинитивно некој ги има киднапирано сите добри момци од градот, а на нивно место има донесено арогантни, скржави типови кои не знаат како треба да се однесуваат со една девојка. Без цимерка, без пари и без момче, Џени навистина нема друг избор, освен да прејде во акција, да ги ангажира своите пријателки и да скрои план. Мора да постои некој кому му треба цимерка и мора да постои некој добар тип кому му треба девојка? До крајот на денот, таа веќе има потенцијален цимер кој треба да го види станот, договорен состанок и привремена работа како асистент на позната, супер арогантна манекенка. Конечно се чини дека работите тргнуваат на добро. Кога само животот би бил така лесен... Ако уживавте во серијалот „Го сакам...“ и не можете да го дочекате излегувањето на последните две книги од истиот, тогаш ова е вашата шанса предвреме да ја земете својата доза на хумор и уживање во авантурите на Анџела Кларк и омилениот откачен лик од серијалот, нејзината најдобра пријателка Џени Лопез. Авантурите кои следуваат во следниот дел од книгата, Го сакам Вегас (која исто така наскоро ќе излезе во продажба) се поврзани со настаните од оваа кратка приказна од 85-86 страници, па затоа би ви препорачала да си ја прочитате ексклузивната приказна за откачената Лопез пред да прејдете на претпоследниот дел од серијалот.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата