Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
Опис на книгата :Share
Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака… Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде… И една исклучителна љубов… Еленор… Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала. Еленор… Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и… никогаш доволно добри. Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор… никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел. Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата
Ljubovta gi nadminuva site prepreki...