Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
Опис на книгата :Share
Драгана Евтимова и Владимир Лукаш, преку своите писмописци и раскажувачки гласови – Еписторија и Еписторие, соодветно успеваат во епистоларниот роман, освен реалистичната постапка и секојдневјето, да вметнат и нота на надреализам, микрораскази од руски тип налик на оние на Хармс, извадоци од весници и од списанија, книжевни критики, па сè до делови што личат како репортажи од National Geographic. Сето ова придонесува овој роман да се чита и како дневник и како размена на електронска пошта и како лексикон на значења и долги прошетки по сферите на реалното, надреалното, магичниот реализам, чудесното и фантастичното. Роман што се испишува од психолошките игри и симулации на живот на Еписторие и Еписторија, двата влога на еден ист совршен јин-јанг карактер. Убавината во романот „Се гледаме наскоро. Е.“ е во тоа што може да се препрочитува неколкупати и одново да се откриваат симболите и алузиите во приказните. А овој роман е дефинитивно „хипервитамизиран“ со тоа. Се добива чувство дека пред себе имате исто дрво, кое во различни сезони раѓа различни цветови и плодови. (Душко Крстевски)
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата