Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Ова дело, опиено од мирисите на детските игри и на убавите спомени, ги опишува настаните поврзани со едно мешано германско-романско семејство што живее некаде близу градот Брашов во седумдесеттите години на XX век, видени и пренесени преку очите на едно шестгодишно дете. Живеејќи помеѓу два различни менталитети, на германските Саси и на романските Олтенци, момченцето се обидува да ги опише и да ги разбере премрежињата низ кои минале неколку генерации од двете семејства, притоа опишувајќи ги парадоксите на различните идеологии, култури и религии конфронтирани на различни нивоа. За него сите настани се само игри што ги играат, не само децата туку и возрасните, и тоа – во домот во кој живее, на улицата пред куќата, во маалото каде што го поминува времето. Романот е добитник на престижната Награда за литература на Европската Унија за 2016 година. „Го остава читателот без здив. Истовремено зачудува и засмејува.“ Берлинер цајтунг
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата