Животот е – хаику

Александар Кујунџиски

Антолог

0

199 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:192

Опис на книгата :Share

Со „Животот е – хаику“ македонската издавачка продукција се збогатува со едно издание што и во квантитативна и во квалитативна смисла донесува еден нов „осмокрак“ вруточен наплив, освежувачки и восхитувачки во исто време. Кратки и прекрасни сочиненија, каков што всушност е и целиот човечки живот. Збирката содржи 1 400 хаику-песни во 8 циклуси: од „Во знакот на х“, преку „Ние во нив, тие во нас“; „Растителни, без холестерол“; „Со гаранција“; „Црно-розови“; „Без јаз“; „...И?“; сè до „Разделба“ – како што авторот го озаглавува последниот „крак“ од оваа негова „лебедова песна“. Барем во овој литературен жанр. За другите – без гаранција. „Александар Кујунџиски се вбројува меѓу најистакнатите македонски писатели, кои подолго време успешно и мошне инвентивно излегуваат накрај со експресивните можности на кусиот лирски жанр хаику. Индикативно е што јубилејната, стота книга на Александар Кујунџиски, насловена 100, е токму стихозбирка со хаику-творби.“ Владимир Мартиновски

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата