Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Што се крие зад буквите ND издлабени во темелите на православен храм? Какви се чудните камени статуетки на црквата во село Градиште и чиј е духот што броди во неа? Пред овие прашања стои младата Французинка Елен Тибо, која пристигнува во Бугарија за да најде траги од доцното богомилство. Овде Елен сретнува група студенти што ја реставрираат црквата заедно со својот професор Стефан Методиев. Откако ќе се смести во куќата на баба Монка, каде што е сместена и убавата сликарка Марица, Елен се запознава со Виктор Марков. Започнуваат да се случуваат невообичаени нешта што ги вовлекуваат во мистериозни случувања што го запираат здивот. Соништа, преданија и реалност измешани во едно ужасувачко дводневно патување во земниот пекол на љубовта и страста. Емил Андреев мајсторски раскажува и гради една естетика на ужасот, напнатоста и загатката. Романот е истовремено и мистичен, и авантуристички, и готски, и историски!
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата