Сентиментално патување низ Франција и Италија

Лоренс Стерн

Полица

100 ден.

Цена на печатено издание: 248 ден.

Страници од печатеното издание:115

Опис на книгата :Share

Своевремено, веднаш по објавувањето, во Англија романот бил преведен на француски и потоа многупати бил преобјавуван и во Англија и во Франција. По големиот успех во Париз делото е преведено во Германија, Холандија, Полска и во уште некои земји, и секаде наидува на голем прием од страна на читателите. Исклучителниот успех се должи и на популарноста што во тоа време ја уживале патописните книги, потоа на нагласениот сентиментален тон, но пред сè на една голема новина; имено, во ова дело Стерн не го води читателот низ пределот и низ градовите низ кои минува (делото е автобиографски роман), туку ги опишува главно чувствата и размислувањето, што значи дека настојува да даде слика на внатрешниот свет, на сопствените доживувања и размисли, главно од сентиментална природа. Патувањето не се одвива според некој однапред подготвен план, туку авторот допушта да го водат неговите чувства спрема претставничките на понежниот пол, кон чии чари постојано му е насочено вниманието секаде каде што ќе пристигне. Преку ова дело Стерн како да укажува на крајот на пикарскиот роман и на свртувањето на авторовото внимание кон чувствата и кон внатрешниот живот на човекот...

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата