Писма од мојата воденица

Алфонс Доде

Полица

0

100 ден.

Цена на печатено издание: 248 ден.

Страници од печатеното издание:140

Опис на книгата :Share

Од разновидното и мошне обемно дело на Доде денес е актуелна и мошне читана оваа збирка куси раскази и импресионистички лирски записи и скици - Писма од мојата воденица. Овие импресионистички описи, мајсторското мешање на реалното и бајковитото, на документот и на фикцијата, придонесуваат Алфонс Доде да стане тогашна надеж на современата француска литература. Неговите раскази стануваат постојана лектира на младите, сè повеќе се застапени во училишните читанки, барани се и читани насекаде. Очигледно е дека како мајстор на кусата прозна форма Доде го погодил вкусот на еден широк слој читателска публика. Давајќи ѝ реалистична рамка на својата книга, а истовремено и проткајувајќи ги прекрасните лирски описи на провансалската природа со преданија, со сказни и со бајковити примеси од тој дел на Франција, Доде создал заводлив книжевен амалгам, дело коешто читателот ту го држи цврсто во грубата реалност на тешкиот провинциски живот ту го понесува со крилјата на фантазијата.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата