Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Во најголемиот дел од комедиите на Плаут се среќаваме со ситуации во кои се типизираат ликовите на умниот, но лукав роб што треба да му помогне на младиот господар да го освои срцето на некоја преубава девојка, при што постојано постои и лик антагонист што го попречува сетво ова: соперник или сводник, или, пак, строгиот татко на девојката. Девојката, пак, или е робинка или проститутка за која вообичаено на крајот се дознава дека била родена како слободно суштество, та затоа е и соодветна за женидба. Помеѓу честите ликови во комедиите на Плаут, од кои некои се земаат и за наслови на неговите комедии, се и: „Војникот фалбаџија“ (Miles gloriosus), „Лажливецот“ (Pseudolus), „Простакот“ (Truculentus), паразитот, готвачот, прислужничките, но и скржавецот, лекоумните татковци збудалени по млади жени (senex amator), како и синовите расипници и неранимајковци. Од дваесетте зачувани комедии на Плаут во нашиот избор на македонски јазик се застапени следниве четири: „Заробеници“, „Трговец“, „Скржавец“ („Ќуп со злато“) и „Менехми“ („Менајхме“).
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата