Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
За најголемо дело на Бојардо се смета Вљубениот Орландо, кое за првпат целосно е издадено во 1506 година. Според првичната замисла, делото требало да има сто пеења, но е прекинато во деветтото пеење од третиот дел поради навлегувањето на војската на Карло Осми во Италија. Иако во делото се пее за витешките љубови и борби, тие честопати се прикажани низ една иронична призма, бидејќи неговото време носело нови творечки предизвици. Соочен токму со таквите предизвици, Бојардо прави своевидно отстапување од старата конвенционална витешко-љубовна тема, вметнувајќи елементи на сказни и легенди во дејството. Повремената бајковитост ѝ дава на поемата посебна лирско-поетска димензија и привлечност. Отстапувањето што го прави Бојардо во однос на старите конвенции не е екстремно и пресвртно, не е радикален рез, но е значаен придонес во трагањето по нови можности на поетското пеење што ги барало новото време, а на своевиден начин се реализирани и во неговиот еп Вљубениот Орландо.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата