Ненасловена месечева соната

Давор Стојановски

ИЛИ-ИЛИ

200 ден.

Цена на печатено издание: 330 ден.

Страници од печатеното издание:393

Опис на книгата :Share

Сместен во Австрија на почетокот од XIX век, романот „Ненасловена месечева соната“ ни ја открива необичната судбина за создавањето на едно од најпрепознатливите Бетовенови ремек-дела, во текот на неуспешните медицински третмани, кои композиторот ги посетува во Хајлигенштад поради оштетениот слух. Западнат во мизантропија, ексцентричност и лудило, Бетовен се сеќава на своите интимни средби со мажената благородничка Антонија Брентано и со 17-годишната ученичка, грофицата Џулиета Гвичарди. Првата го добива епитетот „Бесмртна љубена“ во неговите писма, а втората ја добива посветата во неговата безвремена соната. Токму сеќавањето на овие две жени го спасува Бетовен од претсамоубиствената депресија, иако од една од нив се заразува од сифилис, што е и причината поради која го губи слухот. Дискурсот на авторот се колеба по граница на лесна порнографија и висока уметност, но највпечатливиот раскош на пишаниот збор го забележуваме токму во натуралистичката дескрипција на перверзните игри на композиторот со неверната благородничка и со малолетната пијанистка. Отворете ги страниците на овој провокативен, смел и непретенциозен роман, откријте го виновникот за оглувувањето на Бетовен и дознајте ја возбудливата разрешница на двете негови љубовници, кои случајно се сретнуваат на еден предбожиќен бал, во снежна декемвриска ноќ, спорејќи што е позначајно: да добиеш епитет на бесмртна љубена во писмата на еден од најславните уметници, или да добиеш посвета од него под насловот на неговата најславна композиција.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата