Духовна архива

Лидија Давидовска

Антолог

0

99 ден.

Цена на печатено издание: 200 ден.

Страници од печатеното издание:90

Опис на книгата :Share

Ретки се книгите во современата македонска поезија што не одбиваат повторно и повторно да ги отвораат „смртните прашања“ за Бог, за животот и за смислата. Во својата книга „Духовна архива“, Лидија Давидовска ги наметнува токму таквите прашања. Но тоа го прави со извонреден очудувачки конфесионален јазик, сосема доследно избегнувајќи ја замката на истрошените поетски клишеа. Давидовска знае со леснотија и алузивно да дијалогизира со туѓите поетски искуства и да приопшти нова вредност. Во нејзината поезија, исто така, се населуваат референции од социјалната и од политичката стварност, ненадејно изникнуваат иронични предупредувања и се појавуваат псевдофусноти за познати места и собитија. Но сето тоа е една силна апофатичка опомена – да се оди подалеку, подлабоко и повисоко, отаде феноменалното, за да се открие ноуменалното, она вечно ахре на светот – непринудената љубов Божја, која ѝ дава смисла на плетката наречена човечки живот. Иван Додовски

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата