Исцелување на светот

Слободан Шнајдер

Антолог

249 ден.

Цена на печатено издание: 500 ден.

Страници од печатеното издание:504

Опис на книгата :Share

„Исцелување на светот“ е приказна за животот на двајца луѓе во време на крајности. Георг и Вера во една точка од своите животи имаат екстремно спротивставени биографии. Тие се среќаваат кога тоа станува можно, откако сè на светот било против таа нивна средба. Но потоа заминуваат секој по својот пат, иако сега пак сè ги упатува на тоа да останат заедно. Станува збор за епска приказна што сведочи за моќта на идеологијата способна да подели речиси сè. Романот го опфаќа периодот од втората половина на XVIII век, кога група германски колонисти пристигнуваат во Славонија, Хрватска, во рамките на реформите на Марија Терезија, па сè до распадот на Југославија кон крајот на XX век. „Исцелување на светот“ е најнаградуваниот хрватски роман во последните неколку години. Добитник е на наградите „Меша Селимовиќ“, „Мирко Ковач“, „Радомир Константиновиќ“, „Кочиќево перо“ и „[email protected] – награда за најдобар хрватски роман“!

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата