Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Неколку дена пред конечното затворање на Центарот за имиграција на островот Елис во ноември 1954 година, Џон Мичел, последниот жител на островот, пишува дневник во кој тој го раскажува својот живот на овој познат остров. Со многу емпатија и чувства овој чиновник на Федералното биро за имиграција се сеќава на Лиз, неговата сакана сопруга, и на Нела, италијанската емигрантка. Преку неколку човечки судбини, Гаел Жос говори за судбините на милиони луѓе, кои во името на подобра иднина го оставиле највредното за нив за да пристигнат меѓу карпите на островот Елис, како пристапно место пред влезот во Ветената земја. Авторката се обидува да го отвори прашањето за нивниот престој, нивните долги и исцрпувачки патувања со брод, нивната сиромаштија, нивниот страв дека ќе бидат вратени, токму во моментот кога се толку блиску, сепак далеку од „La Merica“. Нарекуван уште и Остров на надежите и Остров на солзите, островот Елис бил познат и како затворски камп за време и по Втората светска војна, а Џон Мичел е тамошен чувар и сведок на тие ужаси. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2015 година. „Оживува парче американска историја. Воодушевувaчки.“ Pages del Libraires
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата