Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
Опис на книгата :Share
Болката и страдањата на луѓето секаде се исти, без оглед на тоа каде се наоѓаат, во Македонија, на Балканот, на Блискиот Исток, во Америка. Кога децата и родителите ќе се разделат, нивната средба по 30 години е посебно доживување. Кога таткото изгубил сè и кога ќе се сретне со својата ќерка, не сака да се раздели повторно, се жртвува за своето дете, кое, пак, животот го посветило на борбата против злото. На друг крај на земјата, големата љубов на двајца млади и вербата во подобро утре придонесуваат да се разоткрие една голема завера против човештвото. Но не секогаш работите се предвидливи. Богатите и моќните изгледаат недопирливи, но, кога злото ќе се извие над нив, тогаш обичниот човек, малиот голем херој, станува влакно за кое тие се држат за да го спречат она што надоаѓа, она што ги загрозува нив, нивните семејства и нивниот народ. Сите ние сме мали големи херои од кои зависи каква утрешнина нè чека. Дали доброто ќе надвладее над злото зависи само од нас, обичните луѓе, без оглед на тоа во кој дел на светот живееме, на која вера ѝ припаѓаме, која боја на кожата ја имаме. „Возбудлив прв роман!“ Лабина Митевска
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата