УБК одблизу

Љубен Конески

Антолог

119 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:154

Опис на книгата :Share

Автентична збирка на лични сведоштва и размислувања на Љубен Конески, поранешен висок припадник на Службата за безбедност во времето на СФРЈ и во периодот на самостојна Република Македонија. Оваа книга е прва од ваков формат во независна Македонија, при што претставник на тајната државна служба преку една литераризирана форма го преставува периодот од животот поминат во редовите на оваа често дискутирана и многу табуизирана професија. Во стил што се наоѓа помеѓу сеќавањето и кусиот расказ, Конески јавно проговорува за познати и не толку познати настани и личности од политичкиот и јавниот живот, фрлајќи нов зрак светлина не само на историските процеси туку и на внатрешните состојби на оваа служба. Првпат читајте за: - најавите за воен удар во предвечерието на независноста на Македонија; - акцијата за сопирањето на еден конвој на ЈНА и можните инциденти; - ретки детали од истрагата за атентатот на Киро Глигоров; - лозунгот што беше најстрого чувана службена тајна врзана за смртта на Ј. Б. Тито; - контактите на ВМРО–ДПМНЕ со членовите на ДБК; - акцијата за одземање на документацијата за испраќање регрути на боиштата во поранешна Југославија; - реорганизацијата и трансформацијата на службите за безбедност; - вистински примери од отворањето на тајните досиеја; - (не)мешањето на УБК на приватниот помен по повод 25 години од смртта на Ченто; - активности на странските служби преку пласман на капитал во стопанскиот живот во Македонија; - контроверзиите околу панихидата за Методија Кусев, бугарскиот митрополит со потекло од Прилеп.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата