Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Во својот нов поетски ракопис, Звонко Танески несомнено, јасно, промовира една комбинирана поетичка стратегија преку вкрстување на принципот иронија со принципот мемоар, на гномичноста со телеграфската опсервација, преку заемно надополнување на цикличноста со/и елиптичноста. Тематски, во збирката преовладуваат еротски или еротизирани описи и асоцијации, иако се забележува и една нескриена чувствителност на политичкото битие на светот, на нашиов, овдешен/тукашен свет, со извесни македонски вредносни гами. Во песните се проектираат и слики од современото урбано секојдневје, во кои се насетува цинична интонација. Песните на Звонко Танески умеат и да оперираат со реминисценции и со алузии на литературни, филмски и културни интертекстови, така што семантиката на песната е само навидум едноставна и препознатлива (клиширана). „Поезијата на Звонко Танески има свој круг на читатели, своја перспектива во рецепцијата, во преводот, така што верувам дека и оваа збирка, Чекајќи ја историјата, ќе наиде на добар прием, како кај домашната така и кај странската публика“. акад. Катица Ќулавкова
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата