Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
Опис на книгата :Share
Зошто небото е без ѕвезди? Како мравката прославува роденден? И кога буквите од книгата играат танго? Потрагата по одговори во овој чудесен свет од слики и звуци претставува радосна игра за сетилата и духот, вистински празник на мигот овде и сега. Оваа книга на Владимир Мартиновски нуди една неповторлива читателска авантура. Лидија Капушевска-Дракулевска „Кој не знае да чека, џабе брза!“ – така започнува еден од 77 хаибуни за уметноста на дребноста, за оние работи што брзите луѓе не ги забележуваат, а бавните секогаш одново ги зачудуваат. Владимир Јанковски Нова, книжевна берба на стара сорта дарба. Што ѝ може строгата хаибун-форма на вештата пишувачка рака, на раскошната творечка трпеза на Владимир Мартиновски со точно толку чинии колку што има букви во азбуката? Речиси ништо, Текче плус за моливот – Потешки букви. Оливера Ќорвезироска Светот во хаибуните на Владимир Мартиновски е огледало на чиста свест, старечка мудрост, добро испечен занает, суптилен, речиси невидлив хумор и, можеби најважно од сѐ, детска игра. Приказните и кратките хаикуа враќаат во детството, претвораат луѓе во пеперутки, во снегулки, во цреши во цут. Ѓоко Здравески
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата