Послушен брод што плови

Ирена Јорданова

ИЛИ-ИЛИ

200 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:125

Опис на книгата :Share

Си седиме на ладниот кујнски под. Тој жив, јас мртва во неговите прегратки. А не сакам да оди во затвор, да можеше да ме чуе ќе му кажев да се собере и да најде начин да ми го фрли телото некаде, во некој ендек, да изгледа како несреќа. Можеби ме убил некој крадец, ме силувал некој силувач, ме измачувала некоја ментално нестабилна личност, нешто, што било можело да ми се случи. Но тој седи и плаче како мало дете. Па, добро, ништо страшно, еднаш секако ќе се разделевме, некој мора да умре. Што е важно каква е смртта. *** Му припаѓам на Заратустра. Демон или бог, сеедно, негов сум. И сега треба да те оживеам. Тоа е последниот трик. Ќе ги протријам рацете и ти ќе оживееш. Се сеќаваш дека умеам да отсечам рака и да ја вратам назад, да пресечам човек на половина и да остане жив. Одам и по вода, летам, правам возможно од невозможното.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата