Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
Опис на книгата :Share
Расказите во „Шепотот на Данте“, осум на број, на чудесен начин го продолжуваат тематското ткаење на Митевска започната уште со првата нејзина збирка раскази Додека Данте спие што имаше убав успех кај читателската публика. Нема сомнеж дека преку постапката на очудување, Митевска го слика нашето секојдневие, но секогаш видено од нејзин специфичен агол, максимално изневерено а со тоа суверено претворено во убава, сугестибилна проза. Во сите осум раскази, од „Бесмислица“ до последниот „Мојата среќа“ Митевска излегува од рамките на секојдневното и моќно го надоградува истото за кога ќе ни го презентира напишаното, да не изненади со ефектен крај смислен од оваа наша уникатна раскажувачка. Драги Михајловски
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата