Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Резервен живот е втор роман потпишан од Лидија Димковска, несомнено најсилниот творечки глас од генерацијата македонски писатели родени во седумдесеттите. Реткост е, не само кај нас, да се биде подеднакво успешен и во поезијата, и во прозата, но таа реткост е правило кај Димковска, правило кое го потврдува со секоја своја објава – таа е подеднакво моќна во своите пет поетски збирки (за чија вредност сведочат бројните избори објавени во странство, и неколкуте високи меѓународни признанија), како и во романот „Скриена камера“ (за кој ја доби наградата „Стале Попов“ и е преведен на неколку јазици). Гоце Смилевски Резервен живот од Лидија Димковска е обемен роман кој се чита во еден здив. Привлечноста лежи во оригиналната приказна за двете сијамски близначки Сребра и Злата и нивната поврзаност преку главите. Тоа е и рамката или микросветот во оваа книга доведена до перфекција, составена од ситни детали од личниот живот на девојките, од чувствата, спомените, мирисите, од еден речиси натуралистички приказ на тој двоен живот, на чудната поврзаност и борбата за индивидуалност и за лична, сопствена, само своја среќа. Александра Јуруковска Навистина е волшебно човек да чита на свој, мајчин јазик олку обемен, комплексен и светски роман, со сите можни значења и нијанси на придавката „светски“. Оливера Ќорвезироска Со едноставни и чисти резови книгата бескомпромисно, но ненасилно ги отвора порите на бројни психолошки и општествени проблеми. Сандра Кркоч
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата